париз железница

Серија подметнати пожари во Париз пред Олимписките игри

Државниот железнички оператор соопшти дека подметнувачите на пожар биле насочени кон инсталации долж линиите што го поврзуваат Париз со градовите како Лил на север, Бордо на запад и Стразбур на исток

Француската мрежа за брзи возови е нападната од низа координирани акции кои донесоа прекини на некои од најпрометните железнички линии во земјата пред церемонијата на денешното отворање на Олимписките игри во Париз.

Државниот железнички оператор соопшти дека подметнувачите на пожар биле насочени кон инсталации долж линиите што го поврзуваат Париз со градовите како Лил на север, Бордо на запад и Стразбур на исток.

„Синоќа, SNCF беше жртва на неколку криминални дејствија на брзите линии на Атлантикот, северот и истокот. Пожарите беа намерно подметнати за да ги оштетат нашите инсталации“, се вели во соопштението на SNCF.

Франција спроведува огромна безбедност со повеќе од 45.000 полицајци, 10.000 војници и 2.000 приватни безбедносни агенти. Снајперисти ќе има на покривите, а ќе бидат вклучени и беспилотни летала.

Првиот голем напад што се случи во Париз е уништувањето на комбето и грабежот на австралијанскиот BMX возач, Логан Мартин. Неговото комбе неколку дена пред почетокот на игрите, било ограбено и сите работи биле украдени. За среќа во тој момент, точаците не биле во комбето. Работите биле пронајдени после половина час, фрлени во локален парк, а недостигале само пари и храна.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дали Фолксваген е „случај за санација“?

Дали Фолксваген е „случај за санација“?

Фолксваген не ја исклучува можноста некои од неговите производствени локации во Германија целосно да исчезнат. …