инфлација супермаркет

Синдикалната кошничка во март изнесувала 32.852 денари

Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, на едно четиричлено семејство во март му биле потребни минимум 32.852 денари за храна, комунални трошоци, превоз и друго.

Најмногу пари или 13.798 денари биле потребни за храна, додека за комунални трошоци и покуќнина требало да се одвојат минимум 10.414 денари.

За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.324 денари, а за превоз 2.154 денари.

За облека и обувки биле потребни 2.154 денари, а за културни активности 1.070 денари.

Од друга страна пак, просечната плата изнесува 24.517 денари.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Платформата за борба против корупција бара итно да се врати во функција порталот „Отворени финансии“

Платформата за борба против корупција бара итно да се врати во функција порталот „Отворени финансии“

Платформата бара од Министерството за финансии да се овозможи непречен пристап, континуирано и навремено ажурирање …