Синедејс Загревање – Европското патувачко кино под отворено небо оваа година гостува во Крушево

Синедејс Загревање – Европското патувачко кино под отворено небо оваа година гостува во Крушево

Европското патувачко кино под отворено небо како загревање за Синедејс, оваа година гостува во Крушево каде на 21 и 22 јуни на платото пред споменикот „Македониум“  ќе прикаже наградувани и возбудливи европски филмови.

Во петок, на 21 јуни, со почеток во 20.30 часот, прво ќе биде прикажан краткиот македонски филм ,,Дали си маж” во режија на Ѓорче Ставревски, по што ќе следи проекција на музичкиот документарен филм „Ефтеркланг: Македониум бенд“  во режија на Андреас Јонсен, кој премиерно беше прикажан на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX” во Копенхаген, Данска, воодушевувајќи ја публиката и критиката, а кој претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот “Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност. По проекцијата на филмот, вечерта ќе продолжи со концерт на бендот THE LOCAL BLUE од Скопје.

Во сабота, на 22 јуни, вечерта ќе започне со проекција на филмот „ЗЛОСТОРСТВОТО Е МОЕ“ во 20.30 часот, интересен и забавен филм за млада актерка која е обвинета за убиство на популарен француски продуцент во режија на легендарниот режисер Франсоа Озон, филм кој беше номиниран за некои од најпрестижните филмски награди ширум светот, по што ќе следи разговор со Златко Ѓелески, филмски критичар и Ана Алексовска продуцентка и режисерка. Вечерта ќе заврши со проекција на краткометражниот филм „ТИК – ТАК” во режија на Јане Алтипармаков.

По Крушево, Европското патувачко кино продолжува во Гевгелија на 28 и 29 јуни на платото пред Домот на културата.

Европското патувачко кино под отворено небо како загревање за Синедејс, секоја година патува во три различни градови ширум земјата и прикажува нови европски филмови, признаени од европската критика и сакани од европската публика.

И оваа година Европското патувачко кино носи нови европски долгометражни филмови – повеќето од нив добитници на престижни филмски награди ширум светот, кои се израз на европската креативност и разноликост и нудат по нешто за сечиј вкус, како и  македонски кратки филмови, исто така прикажувани и наградувани на различни филмски фестивали.

Влезот на проекциите е бесплатен.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …