Стево Пендаровски дел од глобалниот безбедносен форум „Глобсек 2024" (Видео)

Стево Пендаровски дел од глобалниот безбедносен форум „Глобсек 2024″ (Видео)

Поранешниот претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, учествуваше на глобалниот безбедносен форум „Глобсек 2024″ кој се оддржува во Прага.

Пендаровски беше дел од панелот „Западниот Балкан на крстосница помеѓу западот и истокот”, на кој, покрај него учествуваа и Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешна претседателка на Република Хрватска, Мило Ѓукановиќ, поранешен претседател на Република Црна Гора и Кетрин Ештон, поранешен висок функционер на ЕУ.

Пендаровски зборуваше за генезата на македонските евроинтеграции, при што потенцираше дека проектот за обединета Европа, во целина, последниве години не се одвива со задоволително темпо. Причините за тоа ги лоцираше во недостатокот на стратешка визија во Брисел, како и на незадоволителното темпо на домашни реформи во земјите кандидати за членство.

„Војната во Украина наметна поинаква стратешка динамика на континентот, што бара од земјите-кандидати, но, посебно од новоизбраните институции на Европската Унија изнаоѓање на модалитети за заокружување на целиот процес во интерес на подобрата иднина на сите народи кои живеат во регионот“, истакна меѓу другото Пендаровски.

Прочитајте повеќе

Германија депортира и во Северна Македонија

Германија депортира и во Северна Македонија

Германските власти, во вторникот, според медиумите, депортирале 36 лица во Србија и во Северна Македонија. …