Стотици убиени во напад врз болница во Газа, Израел негира одговорност

Стотици убиени во напад врз болница во Газа, Израел негира одговорност

Стотици лица се убиени во воздушен напад врз болница во Газа во вторникот (17 октомври 2023), соопшти Министерството за здравство на Газа.

Според здравствените власти на Газа, болницата „Ал-Ахли“ била преполна со ранети лица и други Палестинци кои барале засолниште, при што загинале стотици луѓе.

Фотографиите покажаа дека пожарот ги зафатил болничките сали, има искршено стакло и делови од телото расфрлани низ областа.

Министерството соопшти дека загинале најмалку 500 луѓе.

Израелските одбранбени сили објавија на Х. поранешен Твитер, дека веруваат оти нападот врз болницата Ал Ахли бил ракетен бараж кои го испукале палестински милитанти.

Палестинскиот исламски џихад ги демантираше израелските тврдења дека е одговорен за експлозијата во болницата во Газа, ја цитира Ројтерс милитантната група.

Доаѓаат остри осуди за смртоносниот напад врз Арапската баптистичка болница Ал-Ахли во Газа.

Канадскиот премиер Џастин Трудо го нарече воздушниот напад, во кој наводно загинале најмалку 500 Палестинци, „ужасен и апсолутно неприфатлив“.

Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган рече дека нападот врз болницата покажал дека напаѓачот бил „лишен од најосновните човечки вредности“.

Египетското Министерство за надворешни работи исто така соопшти дека „остро го осудува“ нападот врз болницата, нарекувајќи го „сериозно кршење на одредбите на меѓународното и хуманитарното право“.

Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација, рече дека „остро го осудува“ бомбашкиот напад.

Американските власти го убедуваат Израел да дозволи испорака на помош до очајните цивили, хуманитарните групи и болниците по неколкудневните неуспешни надежи за пробивање на опсадата.

Откако Израел го забрани влезот на вода, гориво и храна во Газа по бруталниот напад на Хамас минатата недела, американскиот државен секретар Антони Блинкен обезбеди договор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да разговараат за создавање механизам за доставување помош на 2,3 милиони жители.

Сепак, до доцна во вторникот немаше договор. Висок израелски функционер рече дека неговата земја бара гаранции дека милитантите на Хамас нема да запленуваат никакви испораки на помош.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

мицкоски

Кузеска: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Најавите дека дополнително ќе се …