Студентите бараат нов дизајн за зградите на ФИНКИ и ДИФ, не сакаат барок

Студентите бараат нов дизајн за зградите на ФИНКИ и ДИФ, не сакаат барок

Во документот испратен до Владата, студентите велат дека се незадоволни од моменталното решение, особено за фасадите на зградите чија изградба е во прекин со години. Бараат на конкурсот да може да се пријават студенти кои ќе создадат иновативен и одржлив дизајн кој ќе соодветствува на кампусот

Владата да распише студентски конкурс за решение за фасадите на новите објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ – ДИФ), бараат студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ).

Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС УКИМ) испратило официјално барање до македонската Влада за ова прашање.

Во документот, студентите велат дека се незадоволни од моменталното решение, особено за фасадите на зградите чија изградба е во прекин со години. Бараат на конкурсот да може да се пријават студенти кои ќе создадат иновативен и одржлив дизајн соодветен за кампусот.

„По изразено незадоволство за моменталното решение, особено за фасадите на претходно наведените постоечки објекти, потребен е конкурс што ќе ги поттикне студентите да создадат иновативен и одржлив дизајн кој ќе соодветстува на кампусот. Ова овозможува да се спроведе најкреативното и најсоодветното економски исплатливо решение, избрано по критериуми на стручен кадар“, стои во барањето на УСС УКИМ до Владата.

Изградбата на несудените згради на ФИНКИ и ФФОСЗ-ДИФ која започна во декември 2015 година како дел од проектот „Скопје 2014“, осум години подоцна, не е завршена. Двете згради кои беше предвидено да бидат во барокен стил, требаше да ги решат проблемите на факултетите кои со години опстојуваат во лоши услови. Изведувач на градбата беше фирмата „Бетон-Штип“, но откако во јули 2019 отиде во стечај, изградбата прекина.

Поради ова, најголемата високообразовна установа во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), која, според податоците на Државниот завод за статистика од јули годинава, брои 4.722 студенти, останува без свој сопствен објект.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

мицкоски

Кузеска: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Најавите дека дополнително ќе се …