Талевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните, нема да има поголеми плати

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните, нема да има поголеми плати

„ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата измама во поновата изборна историја на нашата држава и ги излажа граѓаните, во секој сегмент. Нивните ноторни лаги излегоа на виделина уште во првите 30 дена од нивното владеење. Ниту ќе има поголеми плати, ниту покачување на пензиите“, рече пратеникот Миле Талевски во македонското Собрание.

  • Првото што го направија ВМРО-ДПМНЕ, е што ја признаа Република Северна Македонија и признаа дека нема да го променат Преспанскиот договор. Потоа ја прифатија преговарачката рамка, за која правеа најразлични скандали, а исто така прифатија и дека ќе го променат Уставот и дека Бугарите ќе ги внесат Уставот. Бесрамно ги излажаа граѓаните дека ќе им ги покачат платите, а сега слушаме дека ќе има намалување на платите. Ги излажаа просветните работници, здравствените работници, вработените во администрацијата, во МВР, во одбраната, рече Талевски.

ДПМНЕ пред изборите излезе со ноторни лаги и за пензионерите, ветувајќи им покачување од 5 илјади денари, кое нема да се случи, како и дека нема да ги задолжат граѓаните, а првата одлука што ја направија е тој фамозен кредит од нивниот пријател Орбан, со што ги задолжија граѓаните со 500 милиони евра.

  • Сите инвестиции за кој зборува и ги најави ДПМНЕ, се проекти кои ги започна и договори СДСМ. Исто така излажаа дека ќе ја намалат администрацијата, но првата одлука која ја донесоа со ДУИ, за која велеа дека е криминална партија, е да се прошири администрацијата со 4 нови министри, рече Талевски.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …