Талевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните, нема поништување на Преспанскиот, нема промена на преговарачката рамка

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните, нема поништување на Преспанскиот, нема промена на преговарачката рамка

„Ова е еден вид изборна измама, ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните. Едно говореше, едно ветуваше, а уште не седнати министрите го прават спротивното – нема поништување на Преспанскиот договор, нема промена на преговарачката рамка, целта им била само да дојдат на власт“, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талевски денеска во македонското Собрание.

„Чесно е да кажете пред македонската јавност дека ги излажавте граѓаните, дека прва одлука ќе биде промена на Преспанскиот договор, дека ќе го вратите името на државата. А не вашиот кандидат за премиер да каже дека Република Северна Македонија е реалност и дека ќе го користи во комуникацијата уставното име на државата. Вие овде не’ правевте предавници, свиревте со вувузели, скандали правевте, за сега вашиот претседател да каже спротивно, дека немал проблем со уставното име. Тоа е првата лага којашто им ја приредивте за граѓаните. За Францускиот предлог велевте ќе барате промена на преговарачката рамка. Вашиот потпретседател вчера на телевизија рече дека нема да барате ниту промена на Преговарачката рамка. Кажете и го тоа на македонската јавност. Целта ви била само да дојдете на власт“, рече Талевски.

Талевски ја потенцираше и непринципиелноста на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи го и примерот со обвинувањата за Арбен Таравари дека на коруптивен начин направил куќа.

„Александар Николоски на оваа говорница велеше дека Таравари направил куќа во Тавталиџе за 150.000 евра. Е тоа е лагата и непринципиелноста“, рече Талевски.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …