Полициска лента Полиција

Татко и син загинаа во сообраќајна несреќа кај наплатната станица Миладиновци

Возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое било управувано од 34-годишниот Б.А. што починал, удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „Ман“. Приведени се возачот на товарното возило и одговорниот на правното лице во чија сопственост било возилото

Две лица починаа во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатната станица Миладиновци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое било управувано од 34-годишниот Б.А. од кумановското село Опае, удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице.

Во сообраќајката, од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен син, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во врска со настанот, приведени биле возачот на товарното возило – Р.П. и одговорното лице на правниот субјект – 55-годишниот П.М. од скопско.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Работата за предлог законот за родова еднаквост, врз основа на кој е предвиден овој секретаријат, …