полиција сообраќајка

Tешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола, три лица го загубија животот

Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на патничко возило „Тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „Волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се уште се утврдуваат

Утрово се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во којашто три лица го загубија животот, а едно е тешко повредено. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на самото место.

Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на патничко возило „Тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „Волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата сè уште се утврдуваат.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.

Во сообраќајната несреќа, товарното возило целосно беше запалено, а патничкото возило удрено и исфрлено од патот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Многу жртви во поплавите во Босна и Херцеговина

Многу жртви во поплавите во Босна и Херцеговина

Во катастрофалните поплави кои погодија делови од Босна и Херцеговина загинаа најмалку 20 луѓе, а неколку десетици се …