Унгарија позајмила милијарда евра од три кинески банки

Унгарија позајмила милијарда евра од три кинески банки

Минатата пролет Унгарија позајмила милијарда евра од три кинески банки, што е најголемиот кредит кој Будимпешта било кога го зела, наведено е на веб страницата на владината агенција за кредити.

Кредитот кој го дале Кинеската развојна банка, Извозно-увозната банка и унгарската филијала на Банката на Кина, целосно бил повлечен на 19 април и мора да биде исплатен во рок од три години.

Информацијата која ја потврди и владината агенција, вчера ја објави унгарската деловна публикација „Портфолио“.

Според оценката на британскиот портал, задолжувањето се случува во време кога Будимпешта ги продлабочува врските со Пекинг.

Како што изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кинеските компании меѓу кои се производителот на електрични автомобили BID и технолошкиот гигант Huawei, досега во Унгарија инвестирале околу 16 милијарди евра.

Договорот за заем овозможува финансирање на инвестиции во инфраструктурата и енергетскиот сектор, велат од владината агенција за изданието Портфолио.

Во мај, Сијарто најави поголем број заеднички инфраструктурни проекти со Кина, вклучувајќи и брза железница до аеродромот во Будимпешта, товарна железничка линија околу главниот град на Унгарија, нафтовод помеѓу Унгарија и Србија, како и нуклеарна соработка, пренесува Танјуг.

Извор: Политика.рс

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …