кацарска

Уставен суд: Кацарска има право да остане на функцијата

Како реакција на тоа што Судскиот совет испратил известување до претседателот на Собранието, дека уставната судија Добрила Кацарска ги исполнила условите за остварување на старосна пензија во јуни 2022 година, со што наводно би требало да го изгуби статусот на активен судија, Уставниот суд излезе во нејзина одбрана. Оттаму велат дека Кацарска го задржува правото да остане на функција.

„Судот потенцира дека во 60 годишната историја на постоење на Уставниот суд, не постои случај да престане функцијата уставен судија по основ на остварување на старосна пензија“, стои во соопштението на Уставниот суд.

Дополнително, Уставниот суд потенцира дека единствен надлежен орган кој може да одлучува за престанок на функција на судија на Уставен суд е самиот Уставен суд.

„Секое преземање на какво било дејствие на кој било државен орган, надвор од уставно утврдените основи во членот 111 претставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд“, велат од Уставниот суд.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Кинескиот изведувач на работите на „историскиот“ автопат Кичево – Охрид поставил услови, а новата Влада …