Венко Филипче е нов претседател на СДСМ

Венко Филипче е нов претседател на СДСМ

Изјава на претседателката на Централната изборна комисија на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ

Вечерва СДСМ доби нов претседател. Во една фер и демократска процедура на внатрепартиски избори социјалдемократите го избра д-р Венко Филипче за претседател на СДСМ.

По завршувањето на гласањето во 20:00 часот, од вкупно запишаните и 95% обработени,  можеме да соопштиме дека Венко Филипче има 9.052 гласа, Александар Бајдевски 905 гласа, Јован Деспотовски 2.705 и Славјанка Петровска има 190 гласа. Неважечки се 174. Конечните резултати ќе ги објавиме во рок од 48 часа, согласно роковниците штом помине рокот за приговори и жалби.

Благодарност до ЦИК, сите чинители и членови на општинските изборни комисии, избирачки одбори, сите општински организации кој максимално се вложија, овој процес да биде легитимен, демократски во фер процедура.

Прочитајте повеќе

Филипче: Ќе се формира работно тело кое ќе раководи со партијата до следниот Конгрес

Филипче: Ќе се формира работно тело кое ќе раководи со партијата до следниот Конгрес

Имам конкретен план, прво што ќе биде направено е едно работно тело кое практично ќе …