Во недела 06.10.2019 година, по повод националниот празник 11.Октомври, во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески -Ричко“ во Прилеп ќе се одржи 11. Меѓународен традиционален турнир во џудо „Прилеп Град Херој-2019 ЦЕВИТАНА КУП“, во организација на Џудо клубот „СЕИШИН“ од Прилеп, а во соработка со Џудо федерацијата на Република Северна Македонија.
На турнирот учество ќе земат околу 30 клубови од 7 држави: Македонија, Србија, Бугарија,Грција, Албанија, Црна Гора и Косово, со околу 250-300 натпреварувачи.
Покрај натпреварувачите, на турнирот ќе присуствуваат и бројни познати имиња на џудо спортот од пошироките балкански простори, меѓу кои и Славко Обадов, Вук Рашовиќ, Павле Буљчик, Чихи Јанош и др.
11. Меѓународен традиционален турнир во џудо „Прилеп Град Херој-2019 ЦЕВИТАНА КУП“, е дел од Програмата на Општина Прилеп за одбележување на Денот на народното востание, 11.Октомври.