испитување ИЈЗ ХИВ СИДА

Вработен во ИЈЗ ја исклучил струјата кај коморите со реагенси за испитување заразни и незаразни болести

Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето што евентуално би биле предизвикани од еден таков чин, како и можноста да станува збор за кривични дела против државата како што се диверзија или саботажа, дежурните јавни обвинители оформија предмет

Вработен во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вчера ги исклучил сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). По ова, Јавното обвинителство итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело.

„Вчера во 17 часот во СВР Скопје од Институт за јавно здравје било пријавено дека во временскиот период од 14.30 до 16.00 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во соопштението од МВР.

Со реакција се огласи и Обвинителството, од каде рекоа дека веднаш формиралле предмет.

„Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето што евентуално би биле предизвикани од еден таков чин, како и можноста да станува збор за кривични дела против државата како што се диверзија или саботажа, дежурните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со истражители од истражните центри на обвинителството, излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија“, наведено е во соопштението на Обвинителството.

Оттаму додаваат дека се прибира документација, се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за настанот и се прават сите неопходни проверки, а за исходот од преземените дејствија јавноста ќе биде известена.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Опозицијата од албанскиот блок бара Закон за правична застапеност во замена за балансерот

Опозицијата од албанскиот блок бара Закон за правична застапеност во замена за балансерот

Треба да се стави крај на етничкото гласање како вчерашното кое се случи во Уставниот …