За младите сеуште не е предоцна

За младите сеуште не е предоцна

Пишува: Сотир: Габелоски

Општините комуницираат, но не ги вклучуваат младите. Не постојат таргетирани политики и мерки за младите, само стипендии. Консултации не се прават, а информирањето опфаќа само промоција на проекти.

Ова го покажува Индексот за социјална инклузија на младите 2023 – 2024 година изработен и издаден од Националниот младински совет на Македонија, во соработка со ФЛРЗ Штип, Сфера Интернешнл Битола (Sfera International) и ЈЕП Гостивар. Индексот е дел од проектот „Заедници инклузивни за млади“.

Просечниот индекс изнесува 41 процент, што е на долна граница на просечната задоволителност. Повеќе од половина од локалните самоуправи спаѓаат во групата „незадоволителни“.

Најпријателска општина на младите е Охрид, а веднаш по неа се Гостивар, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија… Индексот ги мери пристапот до информации за младите, пристап до услуги каде што Општините покажале најдобар резултат, потоа носење и имплементација на политики, а последниот индикатор е статусот на локалните младински совети.

Само 4% од Општините целосно ги вклучуваат младите во процесите на консултирање. По овој критериум, големото мнозинство се со оценка „незадоволителен“. Според достапноста на информации 39 отсто се добри и 31 отсто се одлични. 40 отсто од Општини ефикасно ги обезбедуваат услугите за оваа група на граѓаните

Овие податоци даваат просек кој е под нивото на минимум. Општините се фалат, ама младите не се чувствуваат дека им припаѓаат. Информирањето за отпочнување проекти не ги покрива информациите кои им требаат на младите. Неопходна е вклученост за креирање на буџет, програми и политики на локалната самоуправа. Дополнително загрижувачко е што и законските обврски кај многу Општини не се исполнуваат, а да не зборуваме за механизми кои самите институции би ги формирале самоиницијативно.

Една од препораките на изданието на Индексот е да се промени фокусот, односно од информирање да се премине кон вклучување во носење на одлуки, дефинирање на проблеми нудење и дискусија за решенија и надзор на заеднички имплементираните мерки.

За да ги задржиме младите физички во градовите и државата, треба да го создадеме чувството на припадност. Тоа чувство ќе го имаме само со ефективно комуницирање, таргетирање на младите со политики и однесување со почит кон нивните мислење и придонес. И, навистина џабе се сите проекти со кои се фалат градоначалниците – дел од нив реални, дел само пропаганда – ако младите и покрај се’ не чувствуваат дека припаѓаат во нивното родно место.

За младите сеуште не е предоцна… за оние што останаа.

*Индексот за социјална инклузија на младите на локално ниво може да се погледне на следниот линк:

Indeks za socijalna inkluzija _Final (nms.org.mk)

Прочитајте повеќе

мицкоски

Кузеска: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Најавите дека дополнително ќе се …