Ивон Величковски

Ивон Величковски: Заплашувајќи со опасност од “белгиски модел” за државното уредување, ВМРО-ДПМНЕ нуди голем “оф-шор” во срцето на Балканот

Фејсбук статус на Ивон Величковски

Што ќе ја дестабилизира државата – протести на опозициска партија или претворање на Северна Македонија во европски “оф-шор”?

  1. Второто, секако. Затоа премиерот и провладините медиуми секој ден зборуваат за “дестабилизација на земјата” обидувајќи се однапред да превенира протести.

Но само еднаш зборуваше за преполовување на данокот на профит за фирмите кои ќе консолидираат 50 милиони евра добивка.

Со оглед на фактот што оваа мерка не се применува за компаниите вон развојните зони, Владата:

– нуди решение по мерка на најбогатите (партиски и програмски легитимно),

– цели кон помал зафат од поголем резервоар обврзници (прашално одржливо), но

– не поттикнува реиндустријализација ниту зголемување на (опфатот на работна сила во) производството (јасно штетно).

  1. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ, заплашувајќи со опасност од “белгиски модел” за државното уредување – нуди “кипарски модел” на економија односно – голем “оф-шор” во срцето на Балканот.

Нужно е да предупредиме дека кипарскиот економски модел природно води кон – кипарски политички модел, со краен ефект фактичка поделба на земјата.

  1. Тоа е последниот удар по унитарноста на Северна Македонија. Да не заборавиме дека унитарноста е потреба на Македонците постојано уважувана од АСНОМ 1944 преку Уставот од 1991 и со Рамковниот договор – и од Албанците и од Турците, Бошњаците, Ромите, Власите, Србите… Египќанците, Бугарите, Хрватите, Торбешите, Црногорците, Словенците… во Северна Македонија.

Унитарност што и со оваа политика на Владата (види “чудо”, повторно) на ВМРО-ДПМНЕ е под удар на концептот за територија во која “Република Илирида” и “Република Македонска” се поделени со коридорот на Будимпешта, Белград и Бањалука до Егејското Море (од интерес на кинескиот “пат на свилата”).

  1. Домашната југо-коморска тајкунерија го бранеше овој концепт преку Владата на ВМРО-ДПМНЕ 2006-17 низ држењето на ПЈРМ вон НАТО без решен спор за името. Тоа заврши со Преспанскиот договор.

Концептот сега го брани низ саботирање на Коридорот 8 во Северна Македонија со сето негово економско, транспортно и одбранбено-безбедносно значење и

преселувањето на приоритетот кон “брзата пруга” по коридорот 10 низ ставовите на Владата на Мицкоски. Вклучително спротивставување на Дополнителниот протокол за спречување на преговорите за ЕУ-членство.

  1. Да резимираме – ова им одговара на сите иматели на “црни пари” кои потенцијално ќе го “консолидираат капиталот овде” и ќе ги исперат по оданочување. Од 5%.

За да влезе во ЕУ, макар и вака поделен, Кипар мораше да се откаже од економијата втемелена на чување на парите на пост-советските, источноевропските и екс-југословенските тајкуни и сите нивни “перални” низ фирми за консалтинг, игри на среќа и слични “услужни дејности”, за потоа да се оплодуваат и легализираат низ градежништво и енергетика на пр.

Обидот е сега тие да се вратат на тло на РСМ, земјата-кандидат за членство во ЕУ и од тука да метастазираат низ Европа.

За да ја сфатиме опасноста по Северна Македонија, доволно е да се потсетиме каков потрес предизвика обидот за движење на само десетина милиони евра венецуелски пари низ “Евростандард”.

Со сето ова во вид, опасноста по државното уредување не потекнува од опозицијата, туку од власта.

Прочитајте повеќе

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

По експлозиите на стотици електронски уреди, останува нејасно како ќе реагира Хезболах, која ужива поддршка …