Богородица пожар

Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот

Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот. Апел до сите граѓани да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апел до сите граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.

Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот
Фото: Јавно претпријатие за државни патишта
Пожарот избувнал пред 12 часот и гори до самиот граничен премин на излез од Грција. На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележи дека има пет колони на возила кои чекаат на излез од државата и не се движат.

Покрај пожарите кои веќе цела недела не се игаснати кај Ново село и на планината Серта, сериозни пожари има и во близина на населените места Чашка, Долнени, Студенични, Зелениково и под Солунска глава. Ова го изјави утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов кој додаде дека засега нема опасност за ниту едно населено место.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …