Земјава од четврток влегува во портокалова фаза на високи температури

Земјава од четврток влегува во портокалова фаза на високи температури

Од утре дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а на места ќе достигнуваат и 40 степени Целзиусови

Од утре до недела, нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а на места ќе достигнуваат и 40 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека, според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина – портокалово ниво за опасност од високи температури.

Поради понатамошен раст на температурите, од четврток насекаде низ земјава ќе биде активно портокалово ниво.

Прочитајте повеќе

55 ветерници и струја за 100 илјади домаќинства – инвестиција од половина милијарда долари

55 ветерници и струја за 100 илјади домаќинства – инвестиција од половина милијарда долари

Владата ја промовираше првата странска инвестиција. „Алказар енерџи“ ќе го гради ветерниот парк две години, …