„Животот низ занаетите и традицијата“, стална Етнолошка поставка во Завод и Музеј - Прилеп

„Животот низ занаетите и традицијата“, стална Етнолошка поставка во Завод и Музеј – Прилеп

„После повеќе од 60 години постоење на Завод и Музеј – Прилеп, отвораме една ваква стална етнолошка поставка со материјал кој се наоѓаше во депоата. Отворањето на изложбата е можност неа да ја видат учениците, граѓаните, но и странците кои го посетуваат нашиот град“, рече на отворањето на Етнолошката поставка, директорот на прилепскиот Завод и „Животот низ занаетите и традицијата“, стална Етнолошка поставка во Завод и Музеј - ПрилепМузеј, Благоја Атанасоски.

„Изложбата е конципирана во неколку сегменти. Застапено е занаетчиството, како најзастапена стопанска гранка во минатото, а најпознати занаети биле казанџискиот, кантарџискиот, леарскиот и ковачкиот занает. Посебно место во изложбата зазема кувенџискиот занает, претставен преку разни форми на луксузни производи во форма на накит кој во минатото, бил составен дел на машката и женската облека“, истакна авторот на изложбата, етнологот Горан Цветкоски. „Животот низ занаетите и традицијата“, стална Етнолошка поставка во Завод и Музеј - Прилеп

Цветкоски напомена дека вториот сегмент од изложбата, чиј работен наслов е „Животот низ занаетите и традицијата“, традицијата, е претставен преку две работни простории. Составен дел на изложбата е и килимарството, додека традиционалниот празничен дел во семејството е претставен преку свечената трпеза, која секогаш се користела за собирање на семејството и пријателите на сите празници и домашни слави.

Прогласувајќи ја изложбата за отворена, градоначалникот Илија Јованоски потенцираше дека со оваа изложба, Националната установа Завод и Музеј – Прилеп направи исчекор напред и им овозможи на граѓаните да видат ретки и вредни поставки.

„Животот низ занаетите и традицијата“, стална Етнолошка поставка во Завод и Музеј - Прилеп„Покрај постојните поставки, Лапидариумот, Галеријата на икони, Археолошката поставка, Музејот на тутун и Спомен куќите на Кузман Јосифоски – Питу и Блаже Конески, од денеска Прилеп и Музејот стануваат побогати за уште една поставка, Етнолошка, која говори за нашето богато културно-историско наследство. Експонатите промовирани во неа сведочат за нашата вековна традиција, култура, стил на семеен живот, работа и занаети“, нагласи градоначалникот Јованоски.

Јованоски рече дека сето тоа се препознава во народните носии, народните ткаеници, металните и дрвените покуќнински предмети, алати за работа, грнчарии, накит и слично и уште еднаш ја нагласи потребата од почитување и негување на вредностите, за да не заборавиме кои сме и за што сме.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …